Пожар изби попладнево во новиот трговски центар „Блис“ во Битола, додека објектот се подготвува за големото отворање на 5 август. Пожарот го зафати северисточниот дел од објектот и веќе интервенира противпожарната единица од Битола.
Трговскиот комплекс е приватна инвестиција и е во непосредна близина на трговскиот маркет „Лидл“ во изградба. Токму денес се асфалтираше новата улица за потребите на двата трговски објекти.
Во објектот веќе се мести стоката на трговски брендови и засега не се знае што сѐ зафатил огнот и колкава е материјалната штета.