Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска, објави хрватски Јутарњи лист.
„Станува збор за Амела Јелениќ, на која ѝ се губи трага од вчера. Девојчето кое исчезна во Годињак, недалеку од Нова Градишка, е родено во 2011 година во Нашице, а на 28 јули побегнало во непознат правец“, стои на официјалната веб-страница на МУП.
Девојчето е високо 155 см. Има кафеави очи и кафеава коса, среден нос, овално лице и е со средна градба. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носела бел фустан со сини риги и со бели тениски чевли.
„Доколку имате информации за ова лице, известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-пошта: [email protected]“, пишуваат хрватските медиуми.