ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Бектеши ја објави пораката што му ја пишал на полицискиот началник

Бектеши ја објави пораката што му ја пишал на полицискиот началник

198

Политичкиот прогон и заплашувањето нема да ви поминат, вака екс-министерот од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши ја коментира поднесената кривична пријава од МВР против него поради вршење притисок на денот на изборите во месец мај.

Бектеши ја објави фотографијата од пораката што му ја испратил на полицискиот началник во СВР Охрид, за која заработил пријава.

„Секоја чест. Јаки сте. Срамота треба да ви е да се занимавате со млади луѓе“, стои во пораката на Бектеши што ја испратил, а објавена денеска на неговиот Фејсбук профил.

Смета дека намерата на Владата е одмазда за „дебаклот на 8 мај“.

-Како Крешник Бектеши секој пат ќе се грижам за граѓаните кои се во постојана тенденција на мајоризација и заплашување, како моите сонародници во Охрид, Крушево, Долнени… И во ова, ништо освен Бог не може да ме сопре. На следните избори ќе се случи народ, стои меѓу другото во објавата на Бектеши.