ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се запали глисер во Охридското Езеро

Се запали глисер во Охридското Езеро

242

Од засега непознати причини глисер во кој имало повеќе лица се запалил во водите на Охридското Езеро во близина на Градиште, на околу стотина метри од брегот. Како што објави Охридњуз, инцидентот се случил вчера попладне помеѓу 17:30 и 18:30 часот.

Случајот го потврдл портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тој истакнал дека на местото на настанот веднаш се упатила екипа на Езерската полиција и пожарникари, но во меѓувреме пожарот бил изгаснат со помош на друг пловен објект, така што немало потреба од дополнителна интервенција.