ПОЧЕТНА СВЕТ Израел му се закани на Хезболах по вчерашниот напад врз фудбалски терен...

Израел му се закани на Хезболах по вчерашниот напад врз фудбалски терен во кој загинаа 12 млади

68

Израел вети дека жестоко ќе удри на Хезболах откако ја обвини оваа проиранска милитантна група за вчерашниот ракетен напад врз окупираната Голанска Висорамнина, кога на едно фудбалско игралиште загинаа најмалку 12-мина млади. Хезболах негираше дека го извел нападот врз селото Мајдал Шамс, најсмртоносниот во Израел од почетокот на војната во Газа.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја прекина посетата на САД и се очекува денеска да се врати во Израел и да го свика неговиот безбедносен кабинет.

Израелските воздушни сили кажаа дека нападнале седум цели на Хезболах во Либан, но не е познато дали има жртви и штети.

Растечките тензии се закануваат да предизвикаат голема војна помеѓу Израел и Хезболах, чии сили редовно разменуваат напади од почетокот на војната во Газа во октомври.

Фудбалскиот терен беше погоден синоќа. Хезболах претходно кажа дека лансирал ракети кон израелски воени објекти, но негираше дека е вмешан во овој крвав напад, кој ја погоди верската и етничка група Друзе, чии 25.000 припадници живеат на Голанската Висорамнина, што Израел ја анектираше од Сирија во 1967. На три километри од погоденото игралиште се наоѓа воен комплекс.

Портпарол на израелската војска изјави дека во нападот била користена иранска ракета „фалак-1“ и дека била испукана од јужен Либан.