ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Од август во Охрид ќе патролираат и српски полицијаци–договорија Тошковски и Дачиќ

Од август во Охрид ќе патролираат и српски полицијаци–договорија Тошковски и Дачиќ

260

Борбата против транснационалниот криминал, миграцијата и олеснување на преминот на граничните премини меѓу Македонија и Србија – ова се темите на кои во Белград разговарале министрите Тошковски и Дачиќ.

Двајцата како што соопштија, се договориле да се активира веќе постоечката работна група меѓу двете држави, за да се најде начин за поедноставување на процедурите кои веќе постојат на граничните премини. Дополнително, тие информираа и дека од август четири српски полицајци ќе бидат присутни на македонска територија, конкретно во Охрид каде доаѓаат голем број на српски туристи, а српскиот министер посочи дека постои опција и за Македонија да испрати полицајци на територијата на нашиот северен сосед, доколку земјава тоа го побара.

-За нас е круцијално во заедничка соработка да се бориме во спречување на организираниот криминал. А освен борбата против тоа беше и подобрување на соработката во граничните премини. /Се договоривме да имаме резултати кои ќе не доведат до проверки на една позиција на границата, а не на две позици, во суштина да го примениме системот за да го подобриме транзитот на нашите граѓани.- – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи .

-Основната идеја е да направиме и повторно да ја активираме таа некоја оперативна работна група која треба да се занимава со поедноставување на процедурите кои постојат на тој заеднички граничен премин. Со цел навистина да имаме една контрола и тоа да трае што е можно пократко. Ние од август ќе поченеме со таа пракса која до сега ја немавме, а тоа е еден дел од нашите полицајци, а немаме ништо против тоа да биде и кај нас, да биде присутен за време на туристичката сезона таму каде што има доста наши туристи, а тоа е охридското езеро. – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Србија.

Средбата Тошковски – Дачиќ доаѓа ден откако двајцата беа на граничниот премин Табановце каде ја промовираа превентивната кампања „Вози одморен“ за одговорно возење, со цел да се спречат сообрачајните несреќи кои се присутни во летниот период. Двајцата најавија едношалтерски систем и дигитализирање на границата. Граничниот премин Табановце инаку за време на летниот период е еден од најфреквентните заедно со Богородица на јужната македонска граница, а за време на летото чести се и големите гужви кои се создаваат од туристите.