ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Несовесни граѓани оставаат најразличен отпад

Несовесни граѓани оставаат најразличен отпад

41

Охрид полн со туристи но и со смет.

Охрид полн со туристи но и со смет. На најфреквентните места каде се одржуваат концертите, околу плажите ,сендвичарите, и централното градско подрачје каде најчесто се движат граѓаните отпадот е најголем и ја нагрдува сликата на градот. Од ЈП Охридски Комуналец велат дека дневно собираат од 500 до 600 тони отпадот во екот на сезоната додавајќи дека по примерот на Србија, за поефикасно справување со овој проблем потребно е да сe формира комунална полиција.

Од Комуналец со апел до охриѓани и туристите на поголема еколошка свест да се почитува комуналниот ред и динамиката на подигнување отпад.

И покрај тоа што мобилните тимови во шпицот на сезоната 24 часа се на терен а се организираат и бројни еколошки акции сепак во екот на сезоната несовесните граѓани насекаде низ градот зад себе оставаат најразличен отпад.