ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Денеска и утре невреме, но нема да фати секаде, потоа повторно тропски...

Денеска и утре невреме, но нема да фати секаде, потоа повторно тропски температури

134

Според утринската прогноза на УХРМ облачноста ќе се намалува и до вечерните часови ќе стивнува и ветерот.

Променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. UV=7

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Утре се очекува променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Во следните денови ќе има нестабилност со послаб интензитет ќе има претежно до четврток до средината на денот. Потоа ќе започне период на стабилно време. Најпрвин дневната температура преодно ќе опадне и најсвежо ќе биде во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.