ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ангелов: Немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари

Ангелов: Немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари

118

„Потребна ни е длабока реформа на целиот систем на Центарот за управување со кризи за да се гаснат пожарите побргу и поефикасно“, посочи директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„Вчера, имавме вкупно 27 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив, утрово, за жал, се активни 7 пожари. Изгаснати се 16, а под целосна контрола се ставени 4 од нив“.

Во овој момент, како што вели Ангелов, најактивен, најсериозен пожар и најтежок за гаснење е тој во Македонски Брод, кој се движи во близина на Јасен, односно кон селото Брезница. Овде е упатен еден полициски хеликоптер, а набргу треба да пристигнат и двата ер трактора.

На планината Серта најголемиот дел од она што е изгорено, повеќе од 90%, е трева, грмушки, нискостеблести растенија и во мал процент борова зимзелена шума.

„Тие растат покрај самиот пат. Економската штета од планината Серта може не е голема, тука е поголема штетата од економските ресурси што ги ангажиравме“, посочи Ангелов.

Во овој момент Ангелов истакна дека немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари.

„Од УХМР имаме и најава за врнежи денеска, па доколку паднат дождови, состојбата ќе биде стабилизирана“, заврши Ангелов.