ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Почина скопјанецот кој вчера имаше тешка сообраќајка

Почина скопјанецот кој вчера имаше тешка сообраќајка

2931

На 20.07.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.