ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Го стартувал тракторот и предизвикал пожар на сува трева, му изгореле тракторот...

Го стартувал тракторот и предизвикал пожар на сува трева, му изгореле тракторот и автомобилот

1205

Вчера во 11.15 часот во СВР Штип, од страна на С.Т.(28) од Штип било пријавено дека во 11:00 часот во неговиот двор во с.Врсаково , штипско при стартување на неговиот трактор „имт 533“ се појавиле искри при што настанал пожар на сува трева каде притоа биле опожарени тракторот и неговото патничко возило „алфа ромео“.

Веднаш реагирала Територијалната противпожарна единица каде пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип

Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.