ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Четворица затвореници од затворот „Скопје“ се во бегство, затворската полиција немала увид...

Четворица затвореници од затворот „Скопје“ се во бегство, затворската полиција немала увид кој доаѓа кој си оди

94

Денешната прес-конференциа на в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов октри шокантни информации дека моментално од затворот „Скопје“ се избегани четворица затвореници

„И покрај нашата вонредна контрола, четири лица од овие 11 кои не ги најдовме таму во затворот „Скопје“, а се вратија, утрово во 5 часот, не се наоѓаат таму и се во бегство. Во отворениот дел имаат „возен парк“ и во него, по списокот требаше да бидат само три лица, а се распоредени 10, од коишто четворица отсуствуваа. Во делот „перална“, по список треба да има 4 осудени лица, а формално правно треба да бидат 9 – седум беа отсутни, едно лице пронајдовме, а едно било на домашно отсуство. На прашањата зошто е така, ни кажаа дека затворската полиција нема увид и дека добиваат усни наредби кажа Пандов.

Тој вели дека затворот е како хотел промаја односно затворениците си влегувале и излегувале кога сакале. Посочи дека затворениците се премесуваат со усна наредба на директорот Филип Андов – Сокол за кој кажа дека ќе побара од премиерот да биде разрешен и додаде дека во овој затвор не била направена контрола седум години.