ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Градоначалникот, пожарникари и цивили опколени од пожарот на Огражден: Од сите страни...

Градоначалникот, пожарникари и цивили опколени од пожарот на Огражден: Од сите страни има оган – мора да ги спасуваат хеликоптери

202

Градоначалникот на Општина Ново Село, пожарникари од струмичката противпожарна бригада и неколку граѓани попладнево се нашле опколени од огнените јазици на планината Огражден каде што во моментов има активен пожар. Информацијата преку видеообраќање на Фејсбук ја објави градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

Рече дека се наоѓаат на 1 000 метри надморска височина и дека сите копнени врски во моментот им се прекинати.

„Се наоѓаме на планината Оражден на околу 1 000 метри надморска височина. Во моментот со ТППЕ Струмица, неколку сограѓани од месното население и еден припадник на ловното друштво сме опколени и се ноаѓаме во радиус од 500 метри а од сите страни околу нас има пожар. Очекуваме да додјдат два хеликоптера да ни помогнат и да го изгаснат пожарот од сите страни или евентуално да не евакуираат затоа што сите копнени врски во моментов ни се прекинати“, рече градоначалникот на Ново Село во видеообраќањето на Фејсбук.

Нешто подоцна откако градоначалникот Божинов се обрати преку Фејсбук, противпожарната единица Струмица објави дека тој и останаите засегнати се евакуираат од местото со помош на хеликоптерите од Словенија.

„Вонредна вест! Пожарникарите и цивилите се евакуираат со словенечки хеликоптери од Огражден“, објавено е на фејсбук-страницата „Пожарникари Струмица“.