ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нов пожар на само четири километри од Радовиш

Нов пожар на само четири километри од Радовиш

1159

Нов пожар попладнево има и во радовишко во местото викано Пореката, каде има шест викенд куќи. Сопствениците со пожарникарите и војската ги бранат од огнот, а овие објекти се на само четири километри од градот Радовиш.

Пожарите во штипскиот регион на планината Серта се гасната само од земја, воздушната поддршка која беше побарана претпладнево ја нема, бидејќи македонските и турските ер трактори попладнево повторно се вратија во Битола. Но, доцна попладнево се разгоре огнот на повеќе жаришта, поради чадот ниту еден хеликоптер или ер- трактор не можеше да интервенира.

Драматично е и на регионалниот пат Штип- Неготино, кој е затворен за сообраќај, бидејќи дрвјата покрај него горат. Се слушаат и експлозии и истрели од полигонот Криволак.

Ангелов најави дека силите кои се на терен ќе се обидат со пресеки направени од булдожери, багери да го спречат ширењето на огнот.

Командитор на штипските пожарникари, Благој Ренџов вели дека попладнево се на трасата на гасоводот и прават сеча на дрвја, со цел огнот да не се префли кон приватното ловиште, во кое има голем број на дивач. Огнената стихија е на непристапен терен, а гори и ридот Штракалево кон полигонот Пенуш.

Но, зоната околу полигонот Пенуш е забранета за месното население, по неа се движат само војската и пожарникарите, бидејќи има неиспукана муниција.