МВР информира дека синоќа во 20 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода Е.Н.(49) од Штип, поради тоа што околу 19.30 часот од домот на 64-годишен скопјанец одзела паричник.
Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветна кривична пријава.