ПОЧЕТНА СВЕТ Трамп: Бог ме спаси

Трамп: Бог ме спаси

152

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по обидот за атентат врз него во Пенсилванија, заблагодарувајќи се „на сите за вашите мисли и молитви, бидејќи само Бог спречи да се случи незамисливото“.

– Нема да бидеме во страв, туку ќе останеме цврсти во нашата вера и пркосни пред лицето на злото. Нашата љубов е кон жртвите и нивните семејства. Се молиме за оздравување на повредените, а во срцето го чуваме споменот на еден сограѓанин кој беше толку страшно убиен, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут сошал“ (Truth Social).

Трамп ги повика Американците на единство „за да не победи злото“.

– Во овој момент, поважно е од кога било да останеме обединети и да го покажеме нашиот вистински карактер како Американци, останувајќи силни и решителни и не дозволувајќи му на злото да победи. Навистина ја сакам нашата земја и ве сакам сите вас и со нетрпение очекувам уште еден собир на нашата голема нација оваа недела во Висконсин“.