ПОЧЕТНА СВЕТ Обид за атентат на Доналд Трамп на предизборен митинг (ВИДЕО)

Обид за атентат на Доналд Трамп на предизборен митинг (ВИДЕО)

321

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е полесно ранет во напад на предизборен митинг во Пенсилванија, кој ќе биде истражен како обид за убиство на поранешниот претседател, објави окружниот обвинител. Неколку истрели одекнаа околу пет минути откако Трамп го започна својот говор на митинг на отворено во градот Батлер.

Поранешниот претседател си го покриваше десното уво кога агентите на тајната служба се упатија кон бината и го легнаа под подиумот, штитејќи го со своите тела. Во публиката се слушаа вресоци. На десното уво на Трамп беа видливи траги од крв додека агентите го одведуваа од бината. Тој пркосно ја крена тупаницата во воздух, покажувајќи им на присутните дека е добро.

Малку подоцна беше објавено дека Трамп бил лесно ранет од куршум. Напаѓачот бил „неутрализиран“ од агенти на тајната служба, пренесоа американските медиуми. Еден посетител е убиен, друг е тешко ранет.

Портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг, изјави дека поранешниот претседател е „добро“.

„Претседателот Трамп им се заблагодарува на органите за спроведување на законот и на итните служби за нивната брза реакција за време на овој грозоморен чин. Тој се чувствува добро и во моментов е на преглед во локална медицинска установа“, додаде Чеунг.