ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Исклучени два далекуводи поради пожарот кај Пепелиште

Исклучени два далекуводи поради пожарот кај Пепелиште

75

Два далекуводи што се наоѓаат на потегот од Пепелиште кон селото Лакавица се исклучени, но тоа нема никакви последици во редовното снабдување со електрична енергија, информираатод МЕПСО.

Од компанијата велатд ека исклучувањето е направено од безбедносни причини и со цел да се овозможат безбедни услови за гаснење на пожарот од воздух и од земја.

Оттаму додаваат дека нивните екипи во текот на ноќта и во раните утрински часови работат на терен и ја следат ситуацијата со огнената стихија која го зафати потегот од Пепелиште кон село Лакавица.

Во овој дел од МЕПСО велат дека транзитираат 400 киловолтен далекувод од трафостаницата Дуброво до трафостаницата Штип 1 и 110 киловолтен далекувод меѓу трафостаниците Дуброво и Бучим.

„Во координација со тимовите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија, двата далекуводи се исклучени од безбедносни причини, а се со цел овозможување на безбедни услови за интервенции како од воздух, така и од копно. Исклучувањето на далекуводите не предизвикува никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија“, се наведува во информацијата од АД МЕПСО.