ПОЧЕТНА СВЕТ „Ги мразам републиканците, го мразам Трамп и погодете што.. имате погрешен човек“:...

„Ги мразам републиканците, го мразам Трамп и погодете што.. имате погрешен човек“: Објавено е видео од 20-годишникот пред атентатот

589

Томас Метју Крукс (20) од Бетел парк, Пенсилванија, беше автор на нападот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на изборен митинг во Пенсилванија.

Веднаш бил убиен од агенти на Тајната служба.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи е објавено видео од авторот на кое се појавува како изразува омраза кон Трамп.

Видеото е објавено на социјалната мрежа „Тик-Ток“.

„Јас сум Томас Метју Крукс! Ги мразам републиканците, го мразам Трамп и погодете што? Имате погрешен човек“, се слуша како вели тој.