ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Вреди“: Гаши со молитвата во Собранието не го прекршил Уставот

„Вреди“: Гаши со молитвата во Собранието не го прекршил Уставот

171

Владата дава препораки, партиите не ги почитуваат. Во Македонија од вчера е прогласена портокалова фаза поради високите температури и високиот УВ индекс, со препорака, особено за работниците да се избегнува физичка активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот. Но ваквите препораки не ги засегаат политичките партии, па така „Вреди“ денеска точно во 12 часот закажа прес-конференција на плочникот на плоштадот „Скендербег“. Телма беше на прес-конференцијата, за да упати забелешка до „Вреди“ за ваквиот однос.

Од „Вреди“ се заблагодарија на укажувањето.

„Можеби е погрешен тајминг, фала за советот, ќа запазиме за во иднина да не го повториме ова“, гласеше одгворото од „Вреди“.

Но, не се премислија и сепак да ја одржат прес-конференцијата на сонце на плочник, на тема ДУИ.

Но интересот на медиумите за прес-конференцијата точно напладне на отворено беше да се добие став од „Вреди“ за вчерашното одржување на молитва во Собранието од страна на претседателот на собранието и претставници на граѓанскиот сектор на седницата за одбележување на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, што беше протолкувано како кршење на Уставот и секуларноста на државата.

Од „Вреди“ се на став дека тоа не се случило на редовна седница на Собранието и дека од организаторот на настанот било објаснето дека само се користела просторијата на Собранието. Според Хисени со молитвата не бил прекршен Уставот и секуларноста на државата, наведувајќи дека секуларноста забранува директно наметнување на религијата во политиките на државата, а дека еден човечки гест не ја загрозува секуларноста на државата.

На прашањето дали тоа значи дека и во иднина ќе има вакви молитви во рамки на Собранието за други пригоди од Хисени со одговор:

„Ако се знае чинот на што се однесува молитвата не е никаква религиозна постапка редовна, туку е само индивидулано што се однесува на душата на тие починати. Молитвата се однесува, како што се однесува на другите настани, едноминутно молчење се почитуваат жртвите“, изјави Хисени.

За молитвата на Собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жртвите од Сребреница вчера реагираа сите парламентарни политички партии од македонскиот политички блок, вклучително и киоалицксиот партнер во владата на Вреди, ВМРО-ДПМНЕ. Сите се со ист став дека во Собранието не смеат да се организираат религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава.

Инаку, Членот 19 од Уставот на Македонија јасно ја гарантира слобода на вероисповеста и слободно и јавно изразување на верата, но истовремено определува дека Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.