ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сообраќајка на патот Градско-Прилеп: Се судриле комбе и автобус, има повеќемина повредени

Сообраќајка на патот Градско-Прилеп: Се судриле комбе и автобус, има повеќемина повредени

82

На 11.07.2024 во 06.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред авто сервис во Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.С.(55) од село Кравари, битолско, и автобус „темса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Т.О.(31) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.П. (63), а 60-годишната Л.К., Д.П.(70) и М.А.(49), сите од Битола, патници во комбето, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

По насоки на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.