ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ШОК ја потресе Македонија: Четири малолетни деца во безсознание и повреди по...

ШОК ја потресе Македонија: Четири малолетни деца во безсознание и повреди по телата откриени во куќа во Скопје – ова се деталите

1994

Четворица малолетници, две момчиња и две девојчиња, попладнево во безсознание и со повреди по телата биле пронајдени во куќа во Скопје. Децата, кои се на возраст од 14 до 17 години, во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Две од децата се во добра здравствена состојба, другите две се испратени на дополнителни иследувања.

Веста ја потврди директорот на Тоскикологија, Андон Чибишев.

Тој кажа дека во неговата клиника се четворицата малолетници, но и дека во моментов се врши иследување на нивната состојба и дел од нив се препраќаат на Хируршките клиники бидејќи имале и физички повреди..

Тој повеќе детали најави за подоцна, а во моментов се вршат и анализи дали малолетниците биле под прекумерно дејство на алкохол или наркотични средства.

Се огласи и МВР:

„Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.“