ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски до амбасадорите: Понудете ако имате подобро решение

Мицкоски до амбасадорите: Понудете ако имате подобро решение

70

Премиерот Христијан Мицкоски им одговори на амбасадорите на земјите од ЕУ и на САД, кои вчера остро се спротивставија на најавите за распуштање на Судскиот совет. Мицкоски иронизираше дека токму оние кои велат дека состојбата во судството е катастрофална сега се противат на реформите.

Премиерот Мицкоски ги покани амбасадорите доколку имаат подобро решение, како што рече, за да се врати довербата на граѓаните во правосудните органи, нека понудат.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир, на конференцијата за спроведување на препораките на евалуациската мисија од страна на Судскиот совет, и порача на владата дека распуштањето на Судскиот совет и на Советот на обвинители, ќе значи мешање на извршната власт во тој суд. Амбасадорот препорача да не се преземаат вакви чекори бидејќи не е докажано дека се ефективни.

Против идејата на Мицкоски, која е и дел од владината програма, излегоа експертите кои бараат и да нема интервенција на извршната власт во судството.