Во Франција до 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година.
Ова претставува значително зголемување во однос на 2022 година, кога излегле 39,42 отсто од гласачите во исто време.
Многу политичари гласаа во нивните области утринава, како и претседателот Емануел Макрон, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и премиерот Габриел Атал.
Според анкетите, екстремната десница предводена од младиот Жордан Бардела (28) би можела да освои меѓу 35 и 36,5 отсто од гласовите.
На второ место треба да биде левата коалиција, во која радикалната левичарска партија Непокорна Франција е со 27,5 до 29 отсто од гласовите, а центристичката коалиција на Макрон е на трето место со 20,5 до 21 отсто од гласовите.