ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Матиз“ излета во близина на скопскиот аеродром, две лица повредени

„Матиз“ излета во близина на скопскиот аеродром, две лица повредени

156

Две лица од кои едно потешко се повредени откако со автомобил „шевролет матиз“ излетале од автопатот Скопје-Куманово, во близина на влез за Меѓународен аеродром-Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 19:50 часот, а со возилото управувала С.П.(51) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПретходнаПочнува исплатата на пензиите, а еве кога ќе се зголемат
Следна„Друштво Преспа“: Во Албанија нема етнички Бугари, направен е груб пописен фалсификат