ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Друштво Преспа“: Во Албанија нема етнички Бугари, направен е груб пописен фалсификат

„Друштво Преспа“: Во Албанија нема етнички Бугари, направен е груб пописен фалсификат

38

Ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен од 16 ноември, во делот на бројот на Македонците и Бугарите и ги сметаме за груб пописен фалсификат.

Ова е реакцијата на „Друштво Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, од каде велат дека нивните ставови ги темелат на основа на тоа што се најстара македонска организација во Албанија формирана уште во 1991 година.

„Изразуваме загриженост на објавата на Институтот за статистика на Албанија дека во Албанија живеат 2 281 ‘Северномакедонци‘, иако пописот во 2011 година биле регистрирани (ниту тогаш прифатливи) 5 512 Македонци. Потсетуваме дека не станува збор за доселеници во Албанија од државата ‘Северна Македонија‘, која во спротивност со меѓународното право под тоа име постои од 11 јануари 2019 година според договорот меѓу Димитров-Коѕиас од јуни 2018 година, туку за домородно население кое со векови живее во свои домови и на своја автохтона територија“ се вели во реакцијата на „Друштво Преспа“.

Според организацијата, објавената број од 7 957 Бугари во Албанија ја сметаат за груб пописен фалсификат, оти, како што наведуваат во Албанија немало етнички Бугари ниту во еден попис од 1912 до 2023 година,

„Друштво Преспа“ упатува протест до претседателот, Собранието и Владата на Албанија, зашто според нив, подлегнале на бугарски закани за пристапување на Албанија во Европската Унија, доколку, како што велат, Тирана не впише „Бугари“ во Законот за национални малцинства, како и, додават, доколку не декларира Бугари на последниот попис на населението.

Упатуваат и остри критики и до опптинската управа на Пустец, за чиј градоначалник, сметаат дека во последниот мандат бил свртен кон бугарска пропаганда и добивал, како што велат материјална помош за општината од бугарски претставници.

За несоодветна ја сметаат и рекацијата на единствената македонска партија во Албанија-Македонска алијанса за европска интеграција.

Претходна„Матиз“ излета во близина на скопскиот аеродром, две лица повредени
Следна137 измами со брзи кредити и злоупотребени лични податоци само во последниве две години – Каде е проблемот?