ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ГОЛЕМО БРАВО: Сашко од Миладиновци ја проншол малата Марија која се изгуби...

ГОЛЕМО БРАВО: Сашко од Миладиновци ја проншол малата Марија која се изгуби во Грција

3180

Цел Балкан синоќа се крена на нозе по веста дека малата Марија (3) од Србија исчезнала за време на нејзиниот летен одмор во Грција. Ја пронашол Сашко Радуловиќ, од скопско Миладиновци и ја споделил веста на Фејсбук.

-Најдовме девојче од три години, се изгубило. Марија, се вика, во Неа Флогита на Филатеки, ве молиме да не известите дали некој ги знае родителите – напиша Сашко во групата Грчка инфо, а со објавата објави и слика од девојче.

Објавата беше споделена над 3.000 пати, беа оставени преку 1.800 коментари, а контактирани се безброј луѓе, се со надеж дека девојчето ќе биде вратено кај родителите што е можно поскоро. Сашко повикал полиција, која дошла по повеќе од еден час по објавата и ја однела девојката во полициската станица во Неа Мудања.

За тоа време се бараа родителите на исчезнатото девојче, а додека многумина зборуваа само за неа, Стефан и Валентина Спасиќ се покажаа како вистински херои. Ги пронашле родителите на девојчето и ги однеле во полициска станица во соседниот град да го земат детето.

Стефан и Валентина за Телеграф.рс открија како се одвивала драмата во која се нашле.

-Девојченцето е добро, полицијата ја превзела и ја однела во станицата Неа Мудање на безбедно. Разбирливо беше вознемирена, но сето тоа на крајот се исплатеше. Родителите живеат во еден од нашите станови што го изнајмуваме, па лесно можеше да дојдеме до нив штом го видовме и го препознавме девојчето на социјалните мрежи – ни изјави Стефан Спасиќ во моментот кога девојчето и нејзините родители беа вратени во стан.

Стефан откри и дека родителите се малку во шок, но се добро:

-Искрено беа во шок, но сега се добро штом дознаа дека е добро и на безбедно место – изјави Стефан.

Стефан и Валентина се потрудија да им помогнат на родителите и покажаа дека навистина се вистинските херои на вечерта. На прашањето како се чувствуваат ни рече дека се добро:

Добро ни е и драго ни е што на еден или друг начин им помогнавме на родителите – рече тој.
После сета оваа драма, важно е дека малата Марија е на сигурно со родителите и брат и, се надеваме дека целото семејство добро ќе го помине остатокот од одморот заедно.
Малата Марија е пронајдена околу 23 часот, но не знаела од каде е, ниту како се вика нејзиниот татко.

Таа рекла дека има брат Андреј и мајка Ана. Сашко и купил газиран пијалок и разговарал со неа додека не дошла полиција, а тој се погрижил детето да не биде премногу исплашено и истрауматизирано од ситуацијата во која се нашла.

Сето ова е само уште еден доказ дека кога се собираат добри луѓе на едно место, се оди добро.