ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Деспотовски со официјално барање до ЦИК: Секој член на СДСМ што го...

Деспотовски со официјално барање до ЦИК: Секој член на СДСМ што го има на списокот да може да гласа со лична карта

111

На два дена пред изборите за прв човек на Бихаќка, единствената жена кандидат за лидерската позиција Славјанка Петровска со барање да не се одржат внатрепартиските избори и да се формира привремено партиско раководство, информира 24ТВ.

Тврди дека изборниот процес бил нефер, бидејќи еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.

Во определени општински организации се појавија одреден број на гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, некој користејќи ги алатките, во нивно име ги регистрирал. Петровска вели ако сепак се одржат изборите в недела таа нема да гласа, иако нејзиното име ќе го има на избирачкиот список бидејќи материјалите веќе се испечатени.

Еден од нејзините противкандидати Јован Деспотовски за ТВ 24 вели дека не ги видел аргументите и доказите за наводните нерегуларности на Петровска, но сепак не гледа причина да не учествува на изборите в недела.

– Побаравме официјално од партијата односно од ЦИК да се овозможи секој член на СДСМ којшто во недела ќе дојде на гласање со важечка лична карта ,а го има на списокот членови, да може да си го оствари своето статутарно и граѓанско право на глас. Се уште немаме официјален писмен одговор од партијата за предлогот. Очекувам дека внимателно ќе се разгледа и прифати бидејќи тоа е интерес на СДСМ и не мислам дека СДСМ во овој период го има луксузот да си дозволи одвраќање на луѓе од избирачките места. – вели Деспотовски.

ПретходнаВо септември покачување на пензиите за 2500 денари
СледнаБројот на Македонци во Албанија се преполови по пописот – асимилација доведе до создавање на бугарско малцинство