ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВОНРЕДНО: Англичанец паднал од карпа во Охридско езеро

ВОНРЕДНО: Англичанец паднал од карпа во Охридско езеро

53

Спасено е лицето, кое попладнево паднало од карпа во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Лицето се здобило со телесни повреди, а по преземените мерки констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија.

Случајот, како што информира МВР, бил пријавен во СВР Охрид денеска во 12: 35 часот. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

– Лекар од итна медицинска помош кај него констатирал телесни повреди, по што со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до Езерската полиција. Оттука, повредениот со медицинско возило е пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се вели во соопштението од МВР.