ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА По невремето се откачил олук во Аеродром, станарите го држеле да не...

По невремето се откачил олук во Аеродром, станарите го држеле да не падне

127

Центарот за управување со кризи објави дека по невремето што го погоди Скопје добиле пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, поради јак ветер што претставува опасност и загрозување на безбедноста.

„Пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. РЦУК – Скопје контактирал со пријавителите, испратено е известување и до ЕЛС Аеродром“, напишаа од ЦУК во вчерашната објава.