ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Димитриевски: Паметните луѓе си заминуваат во странство, се соочуваме со недостиг на...

Димитриевски: Паметните луѓе си заминуваат во странство, се соочуваме со недостиг на стручен кадар

52

Градоначалникот на Куманово и претседател на Движењето ЗНАМ – за твоја Македонија, Максим Димитриевски гостуваше во „Дејли Клик“, каде што најпрво зборуваше за проблемите на локално ниво, односно во градот Куманово.

Тој кажа дека е потребна реконструкција на фекалната и атмосферската канализација во градот, проект кој чини 250-270 милиони евра, што е „мисловна именка“ според него.

„Сериозен проблем е обезбедување на проектна документација. Ако успееме да издејствуваме и тоа, потоа е проблем недостаток на стручен кадар, секој проект кој поминал низ ревизија, се соочува со проблеми, доработки на истиот. Паметните луѓе си заминаа, најголем дел во странство, или во приватниот сектор, и тука останаа луѓе без искуство“, рече Димитриевски.