ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Николоски: Нема да дозволам неодговорно трошење на народни пари

Николоски: Нема да дозволам неодговорно трошење на народни пари

69

Би сакал денеска да го отворам најголемото и најсуштинското прашање, а тоа е изградбата на третата фаза од железничкиот Коридорот 8. Според билатералниот договор помеѓу ЕУ и Република Македонија проценетата вредност на истата е 340 милиони евра, а самиот државен ревизор утврдува дека до денот на ревизијата вредноста е зголемена и проценета на 560 милиони евра што преставува зголемување во износ од 220 милиони евра, истакна министерот за транспорт, Александар Николоски на денешната прес конференција на тема: Ревизорски извештај за реализација на капитални инвестиции.

Тој потенцираше дека разликата помеѓу проценетата вредност утврдена со договорот на ЕУ и Република Македонија и тоа што во моментов е утврдено како проценета вредност е 220 милиони евра. Министерoт истакна дека се работи за изградба на 23,4 километри железница што според пресметките, 1 километар железница чини 24 милиони евра.

„Најважното за што јавноста до денес не е запозната, се работи за железничка пруга која што треба да оди од пред Крива Паланка до граница со Бугарија. Железничка пруга којашто поминува среде град, буквално поминува среде Крива Паланка, треба десетици а можеби и стотици куќи да се рушат, да се иселува население и најважното, завршува во тунел кој што нема крај. Ќе прашате зошто? Затоа што според проектот а и секако според законите, Вие можете да градите само на сопствена територија. Предвидено е поврзувањето со Бугарија да оди преку тунел, но тој тунел може да се изгради само до границата со Бугарија и истиот треба да го преземе и да го гради Бугарија од другата страна во услови кога Бугарија нема направено ни проект за железничко поврзување со Македонија“, потенцираше министерот Николоски.

Тој додаде дека времето на неодговорното трошење народни пари е завршено и дека нема да толерира појави на криминал и копруција.

ПретходнаРистовски и Пандев во посета на летниот камп во Дојран
СледнаФикс идеите на Царовска во аут: Историја, Географија и Граѓанско, повторно како посебни предмети во училиштата