Новата министерка за образование Весна Јаневска најавува реформи во образованието, како што кажа таа во образованието нема време за чекање. Најави дека ќе се промени стариот Е дневник со нов, бидејќи во стариот се менувале оценките и изостаноците преку ноќ. Таа најави дека во фокусот е реформата за целодневната настава која ќе трае подолго од вообичаеното. Но тоа да не ги загрижува децата да мислат дека ќе треба да стојат 8 часа над книга, напротив тие ќе имаат слободен час да напишат домашно или да направат некој проект.
Весна Јаневска Минискерка за образование и наукa
„Во претходниот е-дневник за мене јас не сум информатичар но, од непознати причина изостаноците се бришеа што е апсолутно недозволиво па се случуваше, јас не велам дека тоа беше масовна појава но, се случуваше некој оценки преку ноќ да бидат променети, сега за такво нешто ќе има забрана и тоа нема да се случува.“
Министерката Јаневска изјави дека уште веднаш почнуваат со работа со новите програми и планови и дека до септември ќе има учебници за сите во основно училиште а во средното во најголемиот дел ќе добијат.
Весна Јаневска Минискерка за образование и наука 5,45-6,20
„Уште веднаш почнуваме да работиме на новите програми и планови да ги оделиме посебните предмети, да имплементираме она што наставинците, родителите велат дека не функционира и не дава ефект и секако за следната 2025-2026 да бидеме комплетно готови со таа надградена променета концепција , со нови наставни планови и програми и со нови учебници за учениците.“
Новата министерка за образование уште утре оди на средба со Сонк со цел да се почнат преговори за подобрување на сите услови на вработените во образованието. Јанева додаде дека и дека веќе почнуваат да размислуваат како ќе одат покачувањата на платите. А за студентите и помошта на учениците како што кажа се прават анализи и пресметки зошто не е исплатена. Таа посочи дека уште пред да стане министерка побарала трпение за одредени проблеми кои како што вели ќе се надминуваат чекор по чекор.