ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Самка Ибраимовски е пријавен дека им се заканувал на уставните судии –...

Самка Ибраимовски е пријавен дека им се заканувал на уставните судии – тој негира такво нешто

114

Екс пратеникот и лидер на партијата ПЦЕР – Самка Ибраимовски, според пријавеното, им се заканувал по живот на уставните судии откако дозволија извршителите да продолжат да наплаќаат долгови. Информациите се дека тој заканите ги испраќал преку Фејсбук.

Ибраимовски добил повик да се јави во полициска станица. Тој негира дека написите против уставната судијка Ана Павловска Данева се закани по нејзиниот живот.

Од Уставен денеска информираа дека претседателот на судот, Дарко Костадиновски ги пријавил заканите, а истите биле поврзани со конкретен предмет кој го работел Уставен суд.
Павловска Данева за нападите и заканите вели дека се притисок врз независноста и интегритетот на судот.

„Поранешен пратеник и претседател на помала политичка партија, незадоволен од Одлука донесена од Уставниот суд, преку социјалните мрежи во континуитет објавува закани и навреди кон судиите, при што го има наведен моето име, најавувајќи убиство и слични противзаконите дејствија“, вели уставната судијка.