ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Приватните превозници тврдат дека им се должи 140 милиони денари, Арсовска негира

Приватните превозници тврдат дека им се должи 140 милиони денари, Арсовска негира

174

Скопје се соочува со нов колапс на градскиот превоз откако автобусите на приватните превозници денеска не сообраќаа низ скопските улици.

Ваква одлука донесоа приватниците поради неисплатените обврски кои ги има ЈСП према нив. Тие тврдат дека не добиле пари од декември, а долгот изнесува 140 милиони денари.

Од друга страна пак, градоначалничката Арсовска тврди дека нема долг од 140 милиони денари а ваквата нивна одлука е само на штета на граѓаните.

-Непознат извор, кажал возач…Кој ќе ја надомести штетата на граѓаните? Зошто континуирано се штети на целиот процес и се што е во Градот Скопје само заради политички пресметки. Јас колку што знам такви долгови нема. 140 милиони денари се премногу пари. Тие информации треба да се проверат со ЈСП. Градот Скопје нема никаков финансиски односи со приватните превозници, кажа Арсовска.

Засега не се најавени блокади на сообраќајниците во Скопје како што протестираа минатата година. Ова не е прв пат приватниците да протестираат поради неисплатени долгови.

Пред повеќе од една година Скопје остана без јавен превоз откако приватните превозници неколку месеци не возеа, а нивните автобуси беа паркирани по булеварите.

Невозењето на приватните автобуси ги продлабочуваат „превозничките“ маки на скопјани, кои нон-стоп се жалат дека автобусите се нередовни или воопшто ги нема.

Граѓаните се жалат и на распоредот на тргнувањето и автобуските линии кои не се ажурирани со години, и не е земено во предвид населувањето на нови жители во градот. Секојдневните корисници на автобускиот превоз велат дека секојдневно има прескокнување на саатниците за тргнување.

Освен тоа, реагираат дека редовно, секој месец си плаќаат услуга која не ја добиваат, а и покрај имањето на билет за возење честопати мора да одвојат значителна сума на пари за такси превоз за да сигнат на местото каде што тргнале.

ПретходнаПрегазен пензионер од 26-годишник
СледнаТаравари денеска ќе потпише решенија за разрешување на економски директори во Клиничкиот центар