ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Почина новинарот Исуф Кадриу, заменик-главен уредник на Алсат

Почина новинарот Исуф Кадриу, заменик-главен уредник на Алсат

190

Исуф Кадриу, заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат и дописник на Радио Слободна Европа, ненадејно почина вчера на 52 години, додека бил на одмор со семејството во Албанија, соопшти телевизијата.

Кадриу од 2008 беше заменик-главен и одговорен уредник на Алсат во информативната програма. Од 2001 беше постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде што известуваше за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава.

Новинарската кариера ја почна во 1998 во телевизијата ЕРА, а од 1999 до 2008 работеше како уредник на вести во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија.