ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МВР со детали за заканите кон судија на Уставен суд

МВР со детали за заканите кон судија на Уставен суд

62

Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.