ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски ќе биде 13 премиер на 20. македонска влада

Мицкоски ќе биде 13 премиер на 20. македонска влада

42

Република Северна Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно 12 премиери и 19 влади, меѓу кои еден претседател на преодна влада и тројца претседатели на техничка влада.

Некои од премиерите се задржаа и по неколку мандати на функцијата, а некои имаа краток век на траење.

Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде 13. премиер, а владата формирана од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, ќе биде 20. влада од осамостојувањето на државата.

Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив како „прв вицепремиер“.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 22 седница ја разгледа и усвои „Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042“ и ја усвои и „Методолошката рамка.

Според одредбите од собранискиот Деловник, новата влада треба да биде изгласана најдоцна до недела на полноќ. За да биде избрана, за неа треба да гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно потребни се најмалку 61 глас „за“.

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата Влада во законодавниот дом брои 78 пратеници – 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.