ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Голем пожар над валандовско Марвинци, постои опасност за негово ширење кон селото

Голем пожар над валандовско Марвинци, постои опасност за негово ширење кон селото

900

Над селото Марвинци во Општина Валандово избувна голем пожар, а постои опасност од негово ширење кон селото, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Струмица. Горат сува трева и прнар.

На гаснење на пламените јазици интервенираат осум пожарникари со три противпожарни возила, а на помош се повикани и пожарникари од бригадата од Гевгелија со едно противпожарно возило.

Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, пожарот е пренасочен и пожарникарите не дозволуваат да се прошири кон селото Марвинци.

Освен овој, на територија на Валандово, во селото Чалаклија, има уште еден активен пожар. Во пожарот е зафатена е сува трева и на негово гасење интервенираат пожарникари, но поради поголема опасност, како што информираат од ЦУК, фокус се става на пожарот кај Марвинци.