ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА 29-годишник од Скопје извршил убиство: Полицијата го уапси

29-годишник од Скопје извршил убиство: Полицијата го уапси

357

Министерството за внатрешни работи информираше дека скопската полиција лишила од слобода 29 годишен жител на Арачиново кој сторил две кривични дела: Убиство и неовластено поседување оружје. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

„Во Скопје на ул.„Ферид Мурати“ денеска во 13.45 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ј.(29) од скопско Арачиново, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 став 2 точка 7 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик“, информираа од МВР.