ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Екс министерот Миле Јанакиески денеска излегува од затвор

Екс министерот Миле Јанакиески денеска излегува од затвор

81

Денеска од затвор излегува ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој помина шест години во затвор за предметите на поранешното СЈО, „Шпански скали“, „Титаник“ и „27-ми април“.

Пред осум месеци предметот „Топлик“ за Сончев Град застаре на првото рочиште во Кривичниот суд, откако по вторпат Апелација ја укина првостепената пресуда со која екс министерот Јанакиевски доби три и пол години затвор. Апелационите судии одлучиле да го вратат предметот назад на денот кога во Собранието се носеа измените на Кривичниот законик, но кога стаса во кривичен поблагите одредби веќе беа на сила.

Минатата година Јанакиески ја победи државата пред Судот во Стразбур и ќе добие отштета затоа што е утврдено дека му билo повредено правото на слобода по членот 5 од Европската конвенција за човекови права.

ПретходнаМисајловски: Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија и на одбранбениот стандард
СледнаОд полноќ поскапуваат бензините и дизелот