ПОЧЕТНА СВЕТ Србин убиен во Германија: Цимерот го искасапил во станот што го изнајмувале

Србин убиен во Германија: Цимерот го искасапил во станот што го изнајмувале

214

Српскиот државјанин Ненад З., кој е на привремена работа во Германија е убиен во станот шро го изнајмувал во градот Бремен.

Како што пренесуваат српските портали, делото било откриено вчераутро, кога тој не се појавил на работа.

Според неофицијални информации, тој бил убиен од цимерот, а мотивот за убиството, како и дали убиецот е уапсен, се уште не се познати.

– Пронајден е масакриран и искасапен. Кога не дошол на работа, отишле во неговиот стан и таму го нашле мртов – изјавил изворот за медиумите.