На 13.06.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на локалниот пат с.Железница-с.Крилатица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолкваген пасат“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(58) и патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(37), двајцата од Кратово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Т., констатирани во Општа болница Куманово, а неговиот сопатник Т.П.(40) од Кратово се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Кратово.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.