Малолетник е тешко повреден откако паднал од мотоцикл во прилепското село Тополчани.
„Вчера во СВР Битола било пријавено дека во 18.00 часот во с.Тополчани, Прилепско, малолетник од Тополчани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Тополчани, констатирани во Градска општа болница во Прилеп“, информираат од МВР.
Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.