Утре во ноќните часови и во петок под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Во Скопје утре во ноќните часови и во петок, особено претпладне,ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.