Македонија да ги почитува меѓународните обврски и договори, порачаа САД и Франција. Макрон и Бајден утврдиле патоказ на двете држави а во делот на меѓународните теми се споменува и Западен Балкан, како и Македонија.
Тие ја повикуваат новата влада во Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да се придржува до своите меѓународни обврски, брифираат од Белата куќа за француско-американскиот патоказ.