ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Го каснала опасна змија, ама немало серум во Охрид, па го однеле...

Го каснала опасна змија, ама немало серум во Охрид, па го однеле во Дебар

1675

Турист од Холандија бил каснат од отровна змија, но во болницата во Охрид немале серум па со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар каде му бил спасен животот. Директорот на дебарската болница вели дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, често пати се работи и за жители од Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница, објави МКД.МК.

Во изминатите неколку дена во Општата болница со прширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.