ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Зошто пропадна вчерашниот конгрес на СДСМ, кои делегати не дошле на него

Зошто пропадна вчерашниот конгрес на СДСМ, кои делегати не дошле на него

117

Делегатите од Карпош, Битола и Куманово се оние чие отсустуво на конгресот на СДСМ, на кој Димитар Ковачевски требаше да реферира за историски најголемиот пораз на партијата било највидливо, велат високи функционери од Бихаќка за ТВ 24.

Конгресот што се одложи пред воопшто верификационата комсија да утврди бројка и клучното за ваков состанок кворум за заменичката на Ковачевски во заминување, не е конгресен дебакл.

Сепак Лукаревска вели не било преседан бидејќи имало и други случаи кога делегати не доаѓале на закажаниот конгрес но тоа не е причина да не се одржи.Таа тврди дека одложениот конгрес офицјално поради барање на општинските организации за анализа на извештајот за изборниот дебакл ќе се одржи пред 30 јуни.

Јован Деспотовски, еден од кандидатите за нов лидер на СДСМ, за ТВ 24 вчера освен за шлаканицата од граѓаните на изборите говореше и за шлаканица од партиското членство. Тврди дека мора да се сдфатат пораките да бидат сфатени дека членовиоте и симпатизирите не треба да се гледаат само како гласачка машинерија.

Освен Деспотповски, кандидати за прв човек на СДСМ е и Венко Филипче, Славјанка Петровска ,и Александар Бајдевски. Сепак и во своите изјави кои ги даваа во јавноста се забележуваше разлика во ставовите.

Тие своите програми ќе ги престават на заеднички собири во осум региони, сепак дел од нив за тв 24 велат дека и покрај оввие формални средби, ќе имаат и посебни состаноци со сопратијците . Според правилата кои ги добиле во трката нема да се појават на јавна дебата.