ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Силен дожд и ветер се истури врз Неготино

Силен дожд и ветер се истури врз Неготино

495

Невреме го зафати попладнево Неготино и околината, со дожд и силен ветер. Според првичните проценки, нема поголеми штети.

Според градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, невремето уништи дрво во центарот на градот, но службите на Општината пристапиле веднаш теренот да се расчисти.

„Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што евентуално има потреба од општинска поддршка и помош“, вели градоначалникот.