ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Предложете медицински директор на Токсикологија, им рече Манолева на лекарите

Предложете медицински директор на Токсикологија, им рече Манолева на лекарите

73

Зааменик министерката за здравство Маја Манолева денеска остварила средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија и од нив побарала да предложат медицински директор.

„На средбата, беше дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побара од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор кој треба да ги исполнува условите согласно законот.

Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство“, се вели во соопштението од кабинетот на Манолева.

Инаку, медицинскиот директор беше разрешен со одлука на министерот за здравство Илир Демири, но тој не ја разреши економската директорка Бесија Иљази, поради чие работење и однесување неколку месеци траат незадоволства во Клиниката за токсикологија. Иљази за директорка ја назначи тогаш новиот министер за здравство Демири и тоа само еден ден пред почетокот на изборната кампања.
Во соопштението од Манолева не е наведено дали денеска станало збор и за овие проблеми.

ПретходнаЗоре Темелковски: Демократијата во СДСМ
СледнаСе реконструираат неколку улици во село Драчево, ќе бидат готови за десетина дена